
Арсовска до Мицкоски: Кој криминалец од ДУИ ти го расчисти? Град Скопје со вонредни седници
Градоначалничката Арсовска му се обрати на премиерот Мицкоски, кого го прашува „кој од криминалците на ДУИ ти ги расчисти и затвори во оваа цела година додека си апсолутна власт во Македонија?“, „на кој од криминалците на ДУИ ти им покрена постапка и ги уапси со докажан криминал за една година додека си премиер, а втора година имаш твој Министер за внатрешни работи?“
Сагата со дивоградбите во Чаир, кои градоначалничката на Скопје се обидува да ги спречи по секоја цена, иако вели дека трпи постојани закани, продолжува, а на оваа тема и Советот на Град Скопје закажа две вонредни седници за денеска.
Денеска пак, градоначалничката Арсовска му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, кого го прашува „кој од криминалците на ДУИ ти ги расчисти и затвори во оваа цела година додека си апсолутна власт во Македонија?“, „на кој од криминалците на ДУИ ти им покрена постапка и ги уапси со докажан криминал за една година додека си премиер, а втора година имаш твој Министер за внатрешни работи?“
Понатаму, Арсовска сака да знае – дали (Мицкоски) си свесен дека Ганиу, Меџити и Адеми се на власт како функционери на ДУИ повеќе од 20 години? Тие 150 дивоградби во Чаир сме ги спречиле незаконски да се легализираат и сме известиле за истото 2023, 2024 и 2025 година, време кога Висар Ганиу прво беше ДУИ, а потоа стана ВЛЕН!!!
„Ете ти криминалци од ДУИ постапи! Тоа што се измешале да се скријат во ВЛЕН меѓу Касами, Гаши и Таравари, не ги прави ништо освен политички побегуши на ДУИ што сакаат да си обезбедат нови функции. На Висар Ганиу никој не му е крив што му текнало на 20 март 2025 година да прави фалсификати за да ги запишува нелегално дивоградбите со кривично дело во катастар на недвижнини. Го фативме со криминалот и наместо институционално да не заштитиш, ти го браниш! Ти Мицкоски дозволи Висар Ганиу и Ејуп Адеми на секој можен начин да се обидат да ме заплашат, да ми се закануваат, за да се повлечам од разоткривање на криминалот кој им го фативме во Скопје“, го советува Арсовска премиерот Мицкоски.
Го повикува ако не е вмешан во нивните криминали, да не ги брани, да биде премиер на сите граѓани и да нѐ заштити.
Му порачува дека има докази за сѐ и дека не се плаши и не се повлекува.
Арсовска потенцира дека како Град Скопје ги спречуваат дивоградбите на Ганиу повеќе од 3 години, враќаат документи и постапуваат, а никој институционално не реагира.
„Денес кога на седница на совет на Град Скопје ќе се дискутира за случајот за незаконските дивоградби од Чаир што е пријавен во обвинителство, од кој неминовно ќе се отворат и сите останати криминали“ таа јавно му ги постави погоре напишаните прашања.