
Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија
„Бидејќи сака да спинува со дивоградби, кои ги наследил од 2011, кажете му дека еве оваа дивоградба не му е наследена од баба му, се гради сега на земјиште на РМ“, вели Арсовска.
Висар Ганиу лаже, фалсификува, злоупотребува и им овозможува на трети лица да се богатат преку градење згради сега, а кои ги претставува дека се градени до 2011, за да избегнат плаќање комуналии на Град Скопје, пишува во објава на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за градоначалникот на Чаир.
„Бидејќи сака да спинува со дивоградби, кои ги наследил од 2011, кажете му дека еве оваа дивоградба не му е наследена од баба му, се гради сега на земјиште на РМ“, вели Арсовска.
Посочува дека Ганиу нема платено ниту денар комуналии, со што, според неа, е оштетен буџетот на Градот и дополнително ги зголемува стравот и несигурноста на чаирчани од неговите небезбедни згради.
„Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија. Не знам само дали ќе му дозволат на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да ги види“, подвлекува Арсовска.