Арсовска до Агелер: Не е малку незгодно што ВИП гости ви беа лица кои треба да се на црна листа на санкции?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска утрово постави прашање до амбасадорката на САД, Анџела Агелер по повод прославата на Денот на независноста на САД што секоја година се чествува и во земјава, во дворот на американската амбасада во Скопје. Како што објави Арсовска, на прославата биле и членовите на раководството на ВЛЕН, меѓу кои и Изет Меџити и Висар Ганиу.

„Само да прашам, не ви е малку незгодно во листата на ВИП гости вчера што ви беа лица кои треба да ви се на црна листа на санкции. Овие двајцава незгодно насмеани на фотографијава, за кои имаат институциите цврсти докази за криминал во најмалку 152 случаи и за кои се спроведуваат сериозни истраги во моментов, наместо да ви се на црна листа на санкции на САД насочени против поединци и бизниси вклучени во корупција и нарушување на човековите права, ви беа во прв ред во Амбасада вчера“, истакна Арсовска.

Градоначалничката потсетува дека на листа на санкции со децении се наоѓаат лица поради наводи за корупција и поткопување на демократските процеси, меѓу нив се наоѓаат политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии, а САД ги санкционираат таквите поединци како дел од напорите за промовирање одговорност и борба против корупцијата во регионот на Западен Балкан.

„А за овие двајца ИМА НЕПОБИТНИ ДОКАЗИ, не НАВОДИ“, потенцира Арсовска.