Арсовска ги дислоцирала портретите на сите градоначалници,не сака да и бодат очи

Сликите со портрети на сите досегашни 14 градоначалици и на тринаесетте претседатели на Советот, како и на сите претседатели на Општина Штип од 1945 до 1991, се ставени на главниот ѕид од холот кај големата општинска сала каде се одржуваат седниците на Советот, но и голем број други трибини и манифестации што ги организира локалната самоуправа.

Во оваа видна галерија на фотопортретите на досегашните раковидители на градот недостасуваат само сликите на сегашниот градоначалник Иван Јорданов и на претседателката на Советот Весна Кожинкова.Тие слики по традиција ќе бидат поставени кога ќе им заврши мандатот и обично ги поставува новиот градоначалник.

Јорданов на почетокот на мандатот ги постави сликите на неговиот претходник Сашко Николов, кој беше градоначалник неколку месеци, и на претходниот претседател на Советот Маријана Рогожарска-Поповска. Само две личности имаат по две слики, како градоначалник и претседател на Советот, а тоа се Илчо Захариев кој беше градоначалник од 2913-2017, а претседател на Советот во 2005-2006, и Јане Миланов кој градоначалник беше неколку месеци во 2020, а претходно претседател на Советот. Ниту една личност на ѕидот на градоначалници ја нема два пати затоа што досега не се случило некој градоначалник да имал два мандата.