Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска денеска изјави дека нема контакти со поранешниот премиер Никола Груевски.
„Немам контакт со никого и ниту со еден политички лидер, сегашен или поранешен, освен тоа што е во врска со функцијата градоначалник што ја вршам. Не ме интересира политика, туку само интересот на граѓаните“ – вели Арсовска.
За билбордите со Христијан Мицкоски поставени низ градот, таа вели дека не стои зад нив.
„Немам ниту таква моќ, немам ниту средства, ниту правам такви нешта ниту имам зошто. Вие и самите знаете кои се луѓето коишто имаат моќ во градот и во државата, а во ниту еден случај не сум јас…Оставам на судот на граѓаните да оценат кој е во право кој не. Јас сум сама и немам проблем да застанам против сите кога се работи за јавен интерес и за заштита на она кое што го гледавме во изминатиот период. Се` тоа си има соодветни постапки коишто на крај ќе докажат кој бил во право“ рече Арсовска.