Арсовска бара оставка од Славески

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска бара претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески да си поднесе оставка по денешниот вербален инцидент во Советот.

Во соопштение до медиумите таа наведува дека Славевски треба да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата, со цел да се спречи блокирањето на функционирањето на градот и претпријатијата на градот Скопје, смислената хајка поради политичката нетрпеливост и поради потребите на ПР тимот на Христијан Мицкоски.

„Во ниту еден случај, Советот не смее да биде оставен во рацете на човек кој нема основни морални и етички прерогативи. Невидено и недозволено е, 45 совентици, претставници на скопјани да бидат заложници на копчето на Трајко Славески кој денес ја одложи седницата за советнички прашања бидејќи наводно му била одземена можноста да исклучува говорници кога не му се допаѓа нивниот говор, се вели во соопштението испратено до медиумите од Градот Скопје.