Сања Арсова менаџер и координатор на Бокси детска апликација за читање и слушање книги, вели дека фокусот на апликацијата е да го донесат светот на книгите поблиску до светот на децата.
,,Кај нас има една голема празнина од дете до книга а знаеме дека најголем дел од времето дечињата поминуваат пред мобилните телефони и таблети.Ние решивме тие два света да ги донесеме заедно и да ги ставиме точно пред дечињата да ги послуќиме на самите корисници” – вели таа.
Оваа апликација за прв пат ја адаптирале за шведскиот пазар, а потоа ја лансирале во месец октомври минатата година за македонскиот пазар. Начинот на користење на апликацијата се спушта на мобилните уреди со одредена месечна претплата.
,,Во апликацијата е вклучена гемификација , секое детенце кога ќе влезе на апликацијата Бокси и кога ќе ја симне, си прави свое аватарче, тоа се збогатува со додатоци со секоја прочитана книга.После читање на книгите добива парички и со тие парички може да си го персонализира аватарчето’’ – истакна Арсова во најновото издание на Трилинг.