Арсенал го договори трансферот на Ѓокереш

Лондонски Арсенал се договори со Спортинг за трансферот на шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш (27), за кого премиерлигашот ќе плати 73,5 милиони евра отштета, јавија денеска британските медиуми.

Лондонски Арсенал се договори со Спортинг за трансферот на шведскиот голгетер Виктор Ѓокереш (27), за кого премиерлигашот ќе плати 73,5 милиони евра отштета, јавија денеска британските медиуми.

Преговорите добија забрзан тек, откако спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, пристигна во Лисабон кон крајот на минатата недела. Првичната понуда на англискиот клуб беше 70 милиони евра, но Спортинг ја одби.

Ѓокереш, кој минатата сезона постигна 54 голови во сите натпреварувања, има тригодишен договор со Спортинг и откупна клаузула од сто милиони евра. Сепак, португалскиот клуб ја намали цената, а медиумите тврдат дека шведскиот репрезентативец веќе се договорил со Арсенал околу неговата годишна плата.

Ѓокереш дојде во клубот од Лисабон во летото 2023 година од англискиот второлигаш Ковентри во трансфер вреден 24 милиони евра и за две сезони во дресот на Спортинг постигна 97 голови и додаде 28 асистенции.