Аријан Адеми ја заврши репрезентативната кариера

Аријан Адеми се прости од репрезентацијата на Македонија. Одлуката на Адеми ја соопшти, селекторот на репрезентацијата, Благоја Милевски.

Адеми (32) заминува во пензија од лични причини. За својата репрезентација настапи 30 пати и постигна четири гола.

Дебитираше во 2014 година, а круна на репрезентативната кариера е настапот на Европското првенство во 2021 година.

„Посебно жалам за отсуството на Аријан Адеми, кој поради лични причини реши да ја заврши репрезентативната кариера. Имав разговор со него, тој е категоричен во својата одлука. Ќе ни недостига како личност и фудбалер. Чувствуваше дека време беше да ги заврши настапите во репрезентацијата. Треба да му се заблагодариме за придонесот. Предложивме да организираме збогување на некој од следните натпревари. На него е да одлучи дали ќе биде против Хрватска во јуни во Риека или на првиот домашен натпревар во Скопје“, изјави селекторот Милевски.