Аргентинскиот селектор Скалони ја напушта функцијата поради политички притисок!?

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони по натпреварот против Бразил кажа дека размислува за напуштање на кормилото на актуелниот светски шампион.

По победата против Бразил на „Маракана“, почнаа шпекулациите за иднината на Скалони, кој наводно поради политички притисок ќе си даде оставка.

Претседателот на фудбалскиот сојуз на Аргентина, наводно, ги терал репрезентативците да се фотографираат со еден од кандидатите за претседател, Серхио Маса со цел да му го зголемат рејтингот и да победи на изборите.

Фудбалерите не сакале да го прифатат барањето, а притисокот на првиот човек на фудбалскиот сојуз се зголемил и врз Скалони, па затоа тренерот кажа дека не е сигурен дали е вистинско решение за селекторското столче во иднина.

На претседателските избори во Аргентина, според неофицијалните резултати, победник е Хавиер Малеј, односно противникот на Маса.