По шокантниот пораз од Саудиска Арабија во првото коло на Мундијалот во Катар, вечерва Аргентина славеше победа против Мексико со 2:0.
Во првите 45 минути мрежите мируваа, но возбудувањата дојдоа во вториот дел.
Во 61. минута Меси доби топка од Ди Марија во близина на шеснаесетникот и испрати прецизен удар кој мексиканскиот голман Очоа немаше шанси да го одбрани.
GOLAZO DE LIONEL ANDRÉS MESSI CONTRA MEXICO EL MEJOR JUGADOR DE TODOS LOS TIEMPOS
pic.twitter.com/UMyikFF2TJ— Alex 🇦🇷 (@alexculee) November 26, 2022
Мексико во вториот дел не создаде ниту една добра прилика, за разлика од првиот дел. Точка на мечот стави стави Енцо Фернандез кој влезе во вториот дел, со одмерен удар во горниот лев агол од голот на Мексико.
GOLAZO DE ENZO FERNÁNDEZ, que jueguen los que mejor actualidad tienenpic.twitter.com/3SkfyyPF7h
— Ragnar Lothbrok (@RagnarTLothbrok) November 26, 2022
Со овој триумф Аргентина сама ќе одлучува во последното коло против Полска.
Во оваа група по две кола три бода имаат Аргентина и Саудиска Арабија, Полска има четири, Мексико еден поен.