Арбер Адеми: НАИ овие избори ги смета за слободни, фер и демократски

Тој истакна дека имаат само мал број забелешки на изборниот процес, за кои од НАИ ќе се обратат до институциите.

Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, по завршувањето на гласањето на локалните избори, во седиштето на партијата во Тетово, рече дека коалицијата НАИ овие избори ги смета за слободни, фер и демократски.

– Досега е завршен еден многу важен дел од демократскиот процес, но сега започнува другата еднакво важна фаза, фазата на броење, администрирање и зачувување на интегритетот на глас. Затоа упатуваме повик до секој член на изборна комисија, секој набљудувач и секоја надлежна институција да ги зачува највисоките европски стандарди за конечниот резултат да ја одрази вистинската волја на граѓаните и реалноста на нивното слободно и демократско изјаснување, истакна Арбер Адеми.

Тој истакна дека имаат само мал број забелешки на изборниот процес, за кои од НАИ ќе се обратат до институциите.

– Денеска над се победник е граѓанинот. Оној што верува во демократијата, учеството и европските вредности, бидејќи само преку слободниот глас се гради довербата, а само преку учество се гради иднината. Денешниот глас е тој што ќе ја одреди иднината на оваа земја, тој е нашиот политички и национален патоказ. Зашто единствениот пат напред за Северна Македонија е европскиот пат, патот на демократијата, еднаквоста и целосната интеграција на сите нејзини граѓани, истакна Арбер Адеми.