Арбен Таравари – претседателски кандидат на албанската опозиција
Денеска во 10 часот на градскиот плоштад во Гостивар, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари ќе ја објави кандидатурата за претседател на државата.
Кандидатурата е поддржана од претседателството на партијата и од Европскиот сојуз за промени, коалицијата на Беса, Алтернатива и Демократско движење.
На прес-конференцијата е најавено присуство на Изет Меџити, Африм Гаши, Билал Касами и на претставникот на Самоопределување – Беким Ќоку.
Арбен Таравари е актуелен градоначалник на Гостивар и претседател на Алијанса за Албанците.
Неговата кандидатура доаѓа по расколот во Алијанса во која тој го води крилото кое се залага за опозициски настап на изборите додека поранешниот партиски лидер Зијадин Села и неговите приврзаници сметаат дека партијата треба да настапи со самостојни листи.