
Директните преговори со САД за иранската нуклеарна програма „нема да имаат никаква смисла“, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.
Неговата изјава дојде како одговор на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој побара од Вашингтон и Техеран да започнат директни разговори за иранската нуклеарна програма и се закани дека ќе ја бомбардира земјата доколку не успеат дипломатските напори.
-Директните преговори со земја која постојано се заканува со употреба на сила и која изразува контрадикторни позиции преку различни нејзини функционери нема да има смисла, рече денеска Арагчи, цитиран во изјавата на Министерството што тој раководи.