„Апсурдно е воопшто и да се дебатира дали сме или не сме медиум“: Цветковска вели дека сме како Северна Кореја и Бахреин

„Апсурдно е воопшто и да се дебатира дали сме или не сме медиум. Вакви „дебати“ доликуваат во држави како Северна Кореја и Бахреин, а не во држава која се нарекува европска….Тужбата против ИРЛ од страна на тужителот е кон медиум и кон новинар, односно одговорен уредник што укажува на тоа дека и тужителот не спорел дали сме новинари или не…Во првата пресуда која беше во наша корист истата судијка не спореше дали е ова медиум и дали сме ние новинари или не и не ослободи од вина за клевета“, вели во интервју за ИМА, Сашка Цветковска, главна уредничка на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ)

ИРЛ е регистрирана како здружение на граѓани затоа што ИРЛ не работи комерцијално, односно не остваруваме профит од нашите содржини, бидејќи сметаме дека рекламите честопати можат да претставуваат обид за влијание врз уредувачката политика. Македонското право препознава регистрирање на друштва за комерцијални и за некомерцијални цели. Ако сакате вашата медиумска организација да работи непрофитно, како што ние одбравме, тогаш формата во која можете да се регистрирате во Централниот регистер е оваа. Затоа и централниот регистер се нарекува Трговскиот регистар и Регистар на други правни лица, а други правни лица се и невладини и фондации.

Целото интервју може да го погледнете ТУКА.