
Во рамките на меѓународната операција „Банкомат“, спроведена од припадници на СИПА во БиХ и словенечката полиција, започнати се претреси на повеќе од 70 локации, а се планира апсење на повеќе од 50 лица осомничени за организиран криминал и перење пари.
Како што соопштија од СИПА, полициски службеници на подрачјето на Сараево и Зеница започнале со претреси на деловни и станбени објекти на 13 локации.
– Во тек се активности за прибирање податоци за средствата што осомничените ги имаат на банкарски сметки и сефови во кои евентуално чуваат средства – се додава во соопштението.
Споменатите активности се резултат на работата на Заедничкиот истражен тим на СИПА и Обвинителството на Босна и Херцеговина, Специјалното обвинителство на Словенија и словенечката полиција, која започна во февруари 2022 година.