Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда за петкратното убиство кај Смиљковско езеро во 2012 година, со која Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ беа осудени на доживотен затвор. По масакрот, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ побегнаа во Косово и се уште не се екстрадирани.
Тројцата се осудени дека ги убиле четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.
Потврдена е и првостепената казна и на Хаки Азири за две кривични дела помагање за кои доби 9 години затвор, како и казната од 15 години затвор за Фејзи Азири, исто така обвинет за две дела – помагање.
„Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година врховниот суд го врати овој случај на почеток, овојпат кај СЈО.
Во повтореното судење, обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.