
По одлуката на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја отфрли иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување на референдум за укинување на договорот со Бугарија, лидерот на Левица, Димитар Апасиев, за „Фокус“ коментира дека Џафери покажал правно незнаење, но и сила, за што ќе добие нова кривична пријава.
-Џафери иницијативата за референдум требаше да ја достави до матичното работно тело, кое требаше да утврди дали иницијативата е уредна или неуредна. Веќе утре пак иницијативата требаше да се најде на пленарна седница. Наместо тоа тој самиот се впушти во материјална расправа, иако нема такво овластување. Заклучок може да носи само Собранието, тоа не е спикерско овластување, појаснува пратеникот Апасиев за „Фокус“.