Апасиев: Се води полициска хајка против Левица!

Димитар Апсиев, претседателот на политичката партија Левица денеска на својот Фејсбук профил објави дека Министерството за внатрешни работи на чело со Оливер Спасовски пробува да спроведе полициска хајка против партијата,

Тој тврди дека „голем број на раководни членови на ЦК на Левица биле повикани во полициски станици за наводни сторени кривични дела“.

„Денес (недела), раководни членови на ЦК на Левица, модератори на локални ограноци и општински советници ширум Македонија се повикувани во полициски станици за наводни сторени кривични дела, без да се наведе за кое дело ги викаат!? А бе, озбилно мислите дека ќе не уплашите? Изгледа уште не знаете со кого си имате работа“ пишува тој.