Пред половина час, на фејсбук се огласи лидерот на Левица, Димитар Апасиев пред почетокот на денешните протести.
– Од наши свиркачи во МВР добивме дојави дека налудничавата власт прави списоци со провокатори кои ќе бидат уфрлени на протестите, со цел да поттикнат насилство. После ова, планираат масовно апсење на демонстрантите!
Затоа, јавно ве повикуваме – да избегнувате секаков контакт со полицијата и да дестимулирате носење фантомки! Левица не е против полицајците, Левица е против корумпираната врхушка на власт која ја шитка Мекедонија! – напиша Димитар Апасиев на фејсбук.