Апасиев: За укинување на апанажата гласаа само 16 пратеници!

Лидерот на партијата – Левица, Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека само 16 пратеници гласале за укинување на апанажата на јавните функционери.
Предлог законот го поднесе токму неговата партија со објаснувањето дека најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, максимално користејќи ги сите функционерски привилегии, ќе продолжат да земаат плата од Буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција, односно таканаречената апанажа.
„За укинување на АПАНАЖАТА на јавните функционери гласаа само 16 пратеници. Толку е постот. #ЕпаЧорбаЕпаМакедонче #ПакДаСиГиГласате“ – напиша Апасиев на ФБ.