Лидерот на Левица – Димитар Апасиев со коментар на прославата на Илинден на два јазици – македонски и албански, а во меѓувреме сподели и видео од одбележувањето на денот пред Собранието, каде се пееја албански песни.
„Лани бев на Мечкин Камен. Говор држеше Таљат. Се беше на МАКЕДОНСКИ. Годинава, говор држеше Мицко. Се беше ДВОЈАЗИЧНО. Пак да си го гласате јаничаров, гниди вмроидни одродени. За грст привилегии од носот подалеку не гледате, дека државата ни стана ФЕДЕРАЦИЈА! p.s. И уште еднаш, народе, не заборавај – само ЛЕВОТО КРИЛО е државотворно!“, напиша Апасиев на Фејсбук.