Апасиев дециден: Уставни измени нема да има

Во јавноста протече информацијата дека Владата на СДСМ и ДУИ предводена од октроираниот премиер Ковачевски, со цел остварување на т.н. „Софиска платформа“ го доставила предлогот за уставни измени до Собранието за бугаризација на Македонија.

На ова пратеникот Апасиев реагираше веднаш и напиша кратко „Уставни измени нема да има“, најавувајќи ја борбата на Левица против новото велепредавство.

Го доставиле предлогот за уставни измено до пратениците. И? Сега ние требало да “расправаме”!? Шо има да расправаме бе, абдали. Уставни измени НЕМА ДА ИМА!

Од Политичката партија Левица веќе неколку години повикуваат на прекин на преговорите со Бугарија и работата на историската комисија, која е сериозна идентитетска закана. Пред неколку дена излегоа со соопштение во кое го афирмираа ставот и додадоа дека интеграцијата во Европската унија треба да се спроведе единствено по Копенхашките критериуми, без никакви преговори за идентитетските прашања.