Апасиев бил дискриминиран, утврди Комисијата за заштита од дискриминација

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила директна дискриминација врз него сторена од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата.

-Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди директна дискриминација врз мене сторена од страна на Државна комисија за спречување на корупцијата, поради неуредна и невоедначена достава и ускратување на уставно загарантираното право на правен лек!

Ами сега бе, “правничишта”? Ќе ви бапнам и едно тужбиче за оштета плус, па вие докажувајте се пред суд како, нели, не требало да го објавите решението на вашиот веб-сајт, иако законот тоа изрично го пропишува, напиша Апасиев на фејсбук.