Анѓушев: Мора да вложуваме во електрани кои се на база на обновливи извори на енергија

„Ние сме енергетски нестабилни, увозно зависни, потфрливме, многу мало е сопственото производство од обновливи извори. Треба да ја подобриме енергетиката, но тоа треба да го сторат луѓе кои се стручни лица, професионалци во таа проблематика. Се надевам дека ќе се изградат повеќе обновливи извори на енергија, хидро, био гас, па и фотоволтаиците“ вели Тодор Анѓушев – директор на компанијата „ЕМС“ членка на групацијата „Феро Инвест“.

Тој напомена дека „во Македонија треба да се види од што можеме да произведуваме електрична енергија. 60-70% е производство од јаглен. Има една централа на гас, но сега цела Европа стана зависна од цената на гасот. Мораме да вложуваме во електрични електрани кои се од обновливи извори на енергија, треба да вложуваме во хидроелектрани“.

„Енергетиката не се менува на дневно и месечно ниво, треба да се има стратегија, 5-10 годишна, треба да ги следи трендовите во светот, таа што ја имаме стратегија е добра и треба да ја следиме“ вели Анѓушев.