Антони Блинкен во интервју за Си-Ен-Ен: САД испраќаат нова помош за Израел!

Вашингтон ќе објави нова помош и поддршка за Израел во недела на 8 октомври, најави американскиот државен секретар Антони Блинкен, додавајќи дека дел од мотивот на Хамас за последниот напад најверојатно ќе ја наруши потенцијалната нормализација на односите меѓу Израел и Саудиска Арабија.

„САД го забележаа извештајот за неколку Американци убиени во Израел и Вашингтон сака да ги потврди деталите и бројките“, додаде Блинкен во интервју за Си-Ен-Ен.

Тој исто така рече дека деталите за американската помош ќе бидат објавени подоцна, додека нападот врз Израел го опиша како „терористички напад на терористичка организација“.

„Ги проучуваме новите конкретни барања на Израелците. Мислам дека ќе дознаете повеќе за тоа подоцна во текот на денот“, изјави тој за CNN.

Блинкен потсети и дека поранешниот претседател Барак Обама потпишал договор со Израел во 2016 година „околу 3,8 милијарди долари годишна воена помош“.

Запрашан за можната намера на Хамас да поттикне непријателства за да ги попречат разговорите – поддржани од Вашингтон – насочени кон нормализирање на дипломатските односи меѓу Израел и Саудиска Арабија, Блинкен рече:

„Тоа би можело да биде дел од мотивот. Видете, кој е против нормализацијата? Хамас, Хезболах, Иран. Така што тоа не би било изненадување“.