Антониа Гиговска стана мајка, објави фотографии и го откри името на синот

Антониа Гиговска вчера за првпат стана мајка. Пејачката го доби синот Киан, а денес за првпат и објави фотографии од него.

„Здраво на сите. Сакавме малку момент за нас, па решивме денес и официјално да ве поздравиме. Вчера во 12:05 сабајлето, ова мало глувче ми докажа за што вреди да се живее. Ти и мојот крал, мојот Зазу, мојот малечок, мојот син. Те сакаат мама и татко и никогаш нема да те остават сам“, рече Гиговска.

За потсетување, прв веста дека се породи ја објави сопругот Роберт Спасенцоски, кој на „Фејбук“ напиша:

„Станав татко. Фала ти господе за оваа среќа“.

Пејачката претходно рече дека чека син и дека е возбудена за бебето и тоа што ќе стане мајка. Со Роберт ова им е прво дете, откако двајцата се венчаа годинава по неколку месеци врска.