Антиваксери му испратиле писмо со закани на канцеларот Шаленберг
Покрената е истрага во Австрија против анонимни противници на епидемиолошките мерки поради закана до австрискиот канцелар, Александар Шаленберг.
Преку заканувачкото писмо на Шаленберг му дале рок до крајот на ноември да ги повлече сите антиковид мерки и да се повлече од политиката.
Доколку не го стори тоа, неименувана „Групација“ му се заканува со насилство нему и на неговото семејство и сојузниците.
Загрозени биле и министрите за внатрешни работи и за здравство, но и други членови на владата.