Анонимус ја хакирале Централната банка на Русија

„Анонимус“ објавија дека ја хакирале Централната банка на Русија и дека ќе објават повеќе од 35.000 податоци.

Групата „Анонимус“ на Твитер објави дека нивната заедница ја хакирала Централната банка на Русија и во следните 48 часа ќе објават повеќе од 35.000 документи, меѓу кои и тајни договори.

„Анонимус“ е најекспонираната хакерска заедница во светот, која објави војна на Русија по руската инвазија на Украина.

Претходно се пофалија дека на 26 февруари ги хакирале државните ТВ канали во Русија.