Меѓународната хакерска група позната како „Анонимус“ со закана до српскиот претседател Александар Вучиќ. Во видео објава на Твитер со украинско знаме, се зборува за последните случувања на Косово со закани кон српскиот претседател.
Во продолжение е целата содржина од пораката на групата Анонимуси:
„Поздрав, граѓани на светот, ова е порака од Анонимуси до претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Забележавме дека тензиите и воинствените провокации на северот на Косово од страна на српските криминални групи се обидуваат да предизвикаат вооружен конфликт. Српскиот автократски претседател Александар Вучиќ, марионета на Владимир Путин, се обидува да го дестабилизира регионот користејќи ги механизмите на насилство и терор на воениот злосторник Слободан Милошевиќ, но се знае дека неговите обиди ќе бидат самоубиствени за него. Во екот на војната во Украина, Србија беше и сè уште е единствената земја која официјално прогласи сојуз со Русија, отфрлајќи ги постојаните повици од Западот за приклучување кон санкциите на Европската унија.
И не само тоа, туку Вучиќ, марионетата на Путин, уште еднаш ја покажа својата воинствена ревност, како уништувач на регионалната стабилност, загрозувајќи го територијалниот интегритет на Косово, зборувајќи за враќањето на српските сили на Косово, патролите во пограничната област, декларацијата. Поттикнување насилство, напади врз новинари, напади врз полицијата, косовските институции и оние со меѓународен мандат, како и поставување барикади и користење на инкриминирани структури на северот на Косово, е дел од стратегијата на вашата влада за создавање состојба на тензија и држење на Косово и регионот во заложништво. Но, нема да останеме рамнодушни пред овој терор. Нашиот колективен одговор ќе биде одлучен и непосреден. Анонимуси не се мала група на немоќни луѓе што треба да се игнорираат. Ние сме организиран и глобално активен колектив на истомисленици и доколку не престанете со вашите опасни акции на Косово, нашата порака ќе биде јасна. Народот на Косово не е без поддршка Ние сме Легија. Ние не простуваме. Не забораваме. Очекувајте не“, се вели во пораката на „Анонимуси“.