
Анкетната комисија формирана за обелоденување на вистината за скандалот со онкологија со која претседава пратеничката Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја одржи првата седница со единствена точка на дневен ред Предлог деловникот за работа на Комисијата.
– Јас како претседател на оваа анкетна комисија нема да дозволам во ниеден момент оваа комисија да се претвори во парасудски орган. Ние сме пратеници и политичари кои ќе бараат политичка одговорност со чинење или нечинење за скандалот на Онкологија. Бараме политичка одговорност, а таа е објективна. Од наодите на Анкетна комисија може да произлезат заклучоци кои ќе бидат основа за почнување постаока за утврдување на одговорност кај носителите на функции. Се надевам дека ќе предложиме решенија – рече Мизрахи на прес-конференција.
Таа очекува веќе во вторник да продолжат со работа. Рече дека сите заменици и членови се согласиле да работат секој ден вклучувајќи и викенди, ако работата тоа го побарува.
Во меѓувреме таа ќе ги викне и поранешните министри за здравство Беким Сали и Венко Филипче затоа што смета дека членовите на комисијата треба се информираат не само од наодите на актуелниот министер, туку и од неговите претходници.
– Очекувам заклучоци за вистината и дали и во колкава мера е политичката одворност. Очекувам со заклучоците дека ќе превенираме вакви трагедии во иднина и се надевам дека ќе бидеме прва анкетна комисија со такви заклучоци кои ќе бидат имплементирани – рече Мизрахи.