Анкета: Трамп пред Бајден во шест од седум „свинг“ држави

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп има предност во анкетите во однос на претседателот Џозеф Бајден во шест од седум „свинг“ држави на претстојните претседателски избори.

Републиканецот Трамп има предност од 2-8 процентни поени пред демократскиот кандидат Бајден во Пенсилванија, Мичиген, Аризона, Џорџија, Невада и Северна Каролина, држави чии гласачи традиционално не се предвидливо посветени на кандидатот на една партија.

Во оваа анкета на Волстрит журнал биле понудени и кандидати кои не припаѓаат на Демократската и Републиканската партија, но се забележува дека резултатите биле слични кога на испитаниците им биле понудени само Трамп и Бајден, пренесува Ројтерс.