Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ во ИЕ 2 и ИЕ 6

Последната анкета на ИПИС презентирана во емисијата „Објектив“ на МРТ покажува дека во втората изборна единица има двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ.

Според анкетата спроведена во февруари, 19,5% од граѓаните би ја дале поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, а 10,5% за СДСМ.

Потоа следуваат ДУИ со 6,9%, Европскиот сојуз за промени со 4,8%, движењето ЗНАМ 5%, Левица 4%, Алијансата за Албанците 2%…

Во Изборна единица 6, во февруари најголема доверба од испитаниците има ДУИ со 17,5%. Следуваат Европскиот сојуз за промени со 15,4%, па ВМРО-ДПМНЕ има 8,5% доверба, Алијансата за Албанците 7,2%, СДСМ има 4% рејтинг, па следат Левица и ЗНАМ со по 1%…

Според резултатите на анкетата, Гордана Силјановска Давкова има двојно поголема поддршка од Стево Пендаровски.

На прашањето „За кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ во втората изборна единица Силјановска има 21% поддршка од граѓаните, Пендаровски има 12,4%, Османи 6,9%, Максим Димитриевски 6,6%, Арбен Таравари 5,2%, Ванковска со 4,5%, Стевчо Јакимовски 1,1%.

Во шестата изборна единица најголема поддршка испитаниците даваат за Османи со 21,4% рејтинг, па Таравари со 20,8%.

Потоа следуваат Силјановска со 9,2%, Пендаровски со 5,1%, Димитриевски 1,2%…