Анкета: Лабуристите на Стармер со најнизок рејтинг во историјата

Лабуристичката партија на британскиот премиер Кир Стармер бележи најнизок рејтинг досега, покажува новата анкета на „Југов“, според која најпопуларна политичка сила моментно е десничарската партија „Реформа Обединето Кралство“ (Реформ УК) на Најџел Фараж.

Лабуристичката партија на британскиот премиер Кир Стармер бележи најнизок рејтинг досега, покажува новата анкета на „Југов“, според која најпопуларна политичка сила моментно е десничарската партија „Реформа Обединето Кралство“ (Реформ УК) на Најџел Фараж.

Само 17 проценти од анкетираните изјавиле дека би гласале за Лабуристите доколку изборите се одржат сега. Реформ УК има поддршка од 27 проценти, а Зелените бележат рекордни 16 проценти – највисоко ниво од почетокот на истражувањата во 2001 година. Конзервативците имаат ист рејтинг како Лабуристите – 17 проценти, додека Либералните демократи уживаат поддршка од 15 проценти.

Оваа анкета, во која дури пет партии имаат поддршка над 15 проценти, укажува на сè пофрагментирана политичка сцена во Велика Британија, наведува Блумберг.

Иако општите избори не мора да се распишат пред средината на 2029 година, резултатите претставуваат сериозен предизвик за Лабуристите, особено пред мајските локални избори, кои може да бидат клучни за политичката иднина на Стармер.

По успехот на Реформ УК на локалните избори во мај, Стармер се обиде да ја ублажи заканата со построга реторика за миграцијата. Но, растот на рејтингот на Зелените, предводени од Зак Полански – кој се претставува како левичарски популист со јасни пораки за повисоки даноци за богатите и активно користење на социјалните мрежи – покажува дека Лабуристите ризикуваат да изгубат гласачи и од левицата, пишува Блумберг.