
На денешната седница на Советот на јавните обвинители, Анел Фидоски беше избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје.
Покрај Фидоски, за функцијата конкурираа и досегашниот јавен обвинител Гаврил Бубевски, како и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.
По гласањето, Фидоски доби најголема поддршка од членовите на Советот и со седум гласа „за“ беше избран за нов шеф на ОЈО Скопје. Бубевски доби пет гласа „за“, Трајчевска и Андонова по еден глас „за“, а Петрески не доби ниеден глас „за“.
Воедно, со 10 гласа „за“ Бесир Алиу беше избран за обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.