
Македонската естрада е во шок. Андреј Ѓоргиески (1982, Скопје), еден од членовите на дуото ДНК, им подлегнал на повредите од пожарот во Кочани кој избувна утринава пред 3 часот. Од релевантни извори во јавноста се прошири дека Андреј се спасил, но се вратил да спаси девојчиња и повеќе не излегол од внатрешноста.
Животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, како и вонр. проф. м-р Сара Пројковска, која во бендот беше придружен вокал. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски