Андоновски: Со новата стратегија SMART/MK 2030 градиме дигитална економија и обезбедуваме 10-ина милиони евра од eвропските фондови
Технолошките иновации се срцето на развојот на модерната држава. Во Подгорица, на министерскиот самит на Европската комисија за стартапи, истражување и иновации, ја претставив македонската визија: иновација што создава можности, задржува таленти и гради конкурентност дома, а не во странство, објави на својот ФБ профил министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Тој посочува дека со INNOFEIT EDIH – првиот Европски дигитален иновациски хаб во Македонија, се поврзуваат универзитетите, стартапите, Владата и индустријата, а Везилка – Националниот центар за вештачка интелигенција, вреден речиси шест милиони евра, го позиционира Скопје во европската мрежа на иновациски центри.
Со новата стратегија SMART/MK 2030 и европското законодавство (NIS2, е-идентитет, е-архива, заштита на податоци) градиме дигитална економија која ја поврзува науката, индустријата и граѓаните и обезбедуваме десетина милиони евра од Европските фондови. Иднината треба да се создава тука, дома – со Европа како партнер и со европски вредности како водилка, стои во објавата на ФБ на Андоновски.