Андоновски: Во Македонија и да немате квалитет, ќе успеете со додворување кај министри

Според писателот Петар Андоновски цензура постои во изборот на темите.

,,На пример историските теми. Познат е случајот, исто деновиве беше актуелен со писателот Блаже Миновски. Неговиот роман не помина на конкурсот на Министерството за култура, а тема на романот беше љубовта на Гоце Делчев. Не е проблем љубовта, туку Гоце Делчев. Оваа одлука нивна воопшто не ме изненади” – вели писателот.

,,Не е проблем што Цветанка Ласкова добила финансии, проблемот е што има добиено многу повеќе од Златно славејче и многу други“ – вели Андоновски во најновото издание на Трилинг.

На прашањето дали е неизбежен успехот надвор за да бидете забележани тука, тој одговори:

,,Мислам дека е многу полесно да успеете надвор отколку тука. Надвор важи принципот или сте добри и поседувате некаков квалитет или не поседувате никаков  квалитет и немате шанси да успеете. Тука пак постојат милион причини, постојат милион работи со кои може да се протнете дури и кога немате квалитет, а тоа е додворување на министри за култура, партизација на култура, политички ангажман на уметниците“.