Мислам дека новиот претседател Венко Филипче ќе ја консолидира партијата и дека ќе ја извади на добар пат, вели во гостување во „Тешки муабети„ поранешниот директор на КПУ Затвор Скопје, Филип Андов.
– Консолидација ќе има, тврдам и ќе има резултат за многу брзо време. Сите вистински борци и членови треба да застанат позади Венко Филипче, вели Андов кој го прокоментира и однесувањето на Јован Деспотовски.
– Да настапуваше пред избори за партијата, како што се бореше внатре во партијата, Јован Деспотовски, ќе имавме уште еден пратеник. Ако потрошил толку пари колку што се зборува во јавноста, уште 2-3 пратеници плус ќе земевме, вели на шега Андов.
Како што вели тој, „скопското крило“ на СДСМ е консолидирано и стои позади Венко Филипче.
– Или си ја сакаш, или не ја сакаш партијата, другото е се паушален муабет. Тие се буквите, кој и да биде претседател или си, или не си СДСМ, вели Андов.