Англија со 6:2 го декласираше Иран

Се одигра првиот натпревар од групата „Б“ на Светското првенство во Катар, репрезентацијата на Англија беше убедлива и со 6:2 го декласираше Иран.

Овој меч траеше околу 135 минути поради прекините, на крајот избраниците на селекторот Герет Саутгејт ја оправдаа фаворитската улога на „Халифа“ Интернационалниот Стадион во Доха пред нешто над 45.000 илјади гледачи на трибините.

Уште во првото полувреме Англичаните ги решија сите дилеми, во 35 минута за водство стрелаше Белингем, позитивата ја зголеми Сака (43`), а за 3:0 се погрижи Стерлинг по асистенцијата на Кејн (45+1`).

Сака во 62 минута и по вторпат се запиша во листата на стрелците, а само 180 секунди подоцна Иранците го реализираа својот прв гол преку Тареми.

Рашфорд само што влезе во игра во 70 минута ја затресе мрежата на Хосеини, во финишот видовме уште два погодоци, во 90 минута Грилиш за 6:1, асистент беше Вилсон, а конечниот епилог го постави Тареми со својот втол гол на мечот овојпат од пенал (90+13`) кој беше досуден по реакцијата од ВАР откако Стонс направи прекшрок во казнетиот простор.