,,Претпоставувам со оглед на големината и брзината на изградба , дека можеби нашите локални ресурси нема да бидат доволни за да се задоволи таа потреба. Пазарот на трудот во Македонија подолг временски период алармираме дека е во одреден дизбаланс. Не мислам само на недоволна достапност на одредени кадри, ние сметаме и овој процент на невработеност на некој начин е нереален, можеби процентот на невработеност е и понизок, меѓутоа претпоставувам дека одредени луѓе се пријавуваат се со цел да остварат одреднеи бенефиции” – истакна Трајан Ангелоски, претседател на Сојуз на стопански комори во најновото издание на Трилинг.
,,Мислам дека во повеке прилики анализираме македонскиот закон за вработување на странци и станубва збор за еден од најрестриктивните закони на ниво на европскиот континент.Така да тој закон дефинитивно мора да се реформира и за ваквите капитални прокти мегутоа и за сите останати компании кои работат во државата” – вели тој.
,,Инвестицијата во капоитална инфраструктура нема алтернативаа. Доколку вниматрелно ги анализираме сите факти ке видиме дека можеби идредени дефекти за спорото градење се и можеби резултат на нашата внатрешна неорганизираност на државата.Единствена работа која беше имплементирана во однос на тие енергетски антикризни мерки беше тоа што се даде одредена поповолна цена за електричната енергија на прехрамбените компании, тоа беа четири сектори на кои им се овозможи оваа електрична енергија во одреден лимитиран временски период до април емсец, таа мерка заврши и ни пстанува сето она за кое разговаравме во текот на минатата година да го имплементираме, тоа е зелената транзиција, инвестицијата во обновливи извори , во сопствено производство на енергија, рационализирано трешење на таа енергија” – потенцираше Ангелоски.
,,Сметаме дека во овој момент не постои реална причина за вакви постапки бидејки нема одредени потреси на светските и локалните пазари во однос на цените. Да , минатата година се случија.Таа инфлација е веке со надолен тренд. Нашата земја изминативе три до четири години има најниски стапки на раст од сите земји во регионот, а замрзнувањето на цените не е магично стапче да преку ноќ ни го подобри животниот стандард” – истакна Трајан Ангелоски во најновото издание на Трилинг.