Ангелов: Неофицијално имам информации дека на тие што палеле кабли им се дадени пари за да запалат

Почетниот пожар е од палење кабли, а неофицијално имам информации дека на тие што палеле кабли им се дадени пари за вечерта да запалат пожар, а потоа истото да го направат и другиот ден. За пари. Ова синоќа го изјави Стојанче Ангелов, прв човек на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

На прашање дали е свесен дека 25 отсто од Македонија е настрадана од пожари, податоци кои се на Обединетите нации (ОН) тој рече дека тоа е „глупост“.

„Тоа дека 25 отсто од државата е изгорена е глупост. Ова е глупост. Обединети Нации измериле колку изгорело во Македонија? Двојна глупост е ако е на ОН. Оваа година изгоре помала површина од лани. Ако они мереле трева и грмушки, тоа е друго“, кажа Ангелов.