Ангелов: Лизгањето на теренот на Водно е сериозен ризик што бара итна реакција

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, упати јавно предупредување за сериозноста на проблемот со лизгањето на земјиштето на падините на планината Водно, потенцирајќи дека постои директна закана за објекти, па дури и за човечки животи.

Ангелов нагласи дека ситуацијата мора да се сфати крајно сериозно и дека не смее да се чека додека не настанат катастрофални последици.

„Јас верувам дека има загрозени објекти на падините на Водно и треба многу сериозно да биде сфатен овој проблем и да не чекаме да се случи штетна последица која може да загрози човечки животи, но и да одземе човечки животи и тоа повеќе“, изјави директорот на ДЗС.

Според неговите информации, институциите веќе работат на проблематиката. Тој посочи на одржаните координативни средби во Центарот за управување со кризи (ЦУК) каде што, како што вели, „врвни професионалци посветено и одговорно се грижат за оваа проблематика“.