Ангелов: Имаме контрола врз пожарот над Батинци, постојат индиции дека е подметнат

Ангелов информира дека пожарот избил денеска, околу 13 часот и додаде оти се работи за силен пожар за кој, како што рече,  има индиции дека е намерно подметнат бидејќи одеднаш се разви поголема линија во долот. 

Имаме целосна контрола врз пожарот над селото Батинци, општина Студеничани, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.

Ангелов информира дека пожарот избил денеска, околу 13 часот и додаде оти се работи за силен пожар за кој, како што рече,  има индиции дека е намерно подметнат бидејќи одеднаш се разви поголема линија во долот.

– Поради ветерот кој дуваше, пожарот се ширеше со голема брзина. Скопската противпожарна бригада итно излезе на терен со неколку возила, а и помогнаа два пинцгауери на ДЗС, управувани од полицајци од ЕБР. Но, поради опасноста да биде зафатено и селото Батинци, бидејќи пожарот се движеше во насока на Батинци, по барање на директорот на ЦУК Мухамед Али испративме и еден хеликоптер на МВР, како и два ер трактори на Дирекцијата кои помогнаа во брзо воспоставување контрола над овој пожар. Имаме целосна контрола врз пожарот. Има горење уште во долот зад мене, но продолжуваат со  дејство ер тракторите и хеликоптерот.  Верувам дека набргу ќе биде ставен под апсолутна контрола, а набргу потоа и целосно изгаснат, изјави од терен директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Тој истакна дека се работи за намерно подметнат пожар, кој предизвикал паника кај населението дека повторно е запалена депонијата „Дрисла“.

(ВИДЕО) Голем пожар над Батинци