На денешната прес конференција првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов рече дека пожарот кој што го зафати мостот „Беласица“ предизвика опасност за сите.
Ангелов потенцираше дека во следниот период работната група составена од врвни стручни лица од областа на градежништвото и противпожарната заштита а формиранаод Град Скопје ќе излезе со точна информација какви се штетите и на кој начин мостот ќе биде саниран.
– Бев на лице место веднаш по завршувањето на пожарот. Податоците коишто ги добив од Противпожарната бригада на Град Скопје според видот на огнот, дека температурата била повеќе од илјада степени Целзиусови. Бетонската подлога од долната страна на мостот која што го штити мостот ги губи дел од своите својства над 400 степени Целзиусови, додека арматурата – металната арматура над 600 степени постои опасност да изгуби дел од своите својства, додаде Ангелов.
Според првиот човек на ЦУК поголемата опасност е во тоа што носечките елементи на мостот се на долната страна, оние коишто во суштина го држат целиот мост, а пожарот бил токму под нив.
-Информативно за граѓаните коишто можеби немаат претстава иако секојдневно поминуваат овој мост, бидејќи и јас го користам овој мост секојдневно се до завчера, во еден момент на мостот можеби има по 200 до 300 возила бидејќи од двете страни на мостот имаме семафори. Се работи за голема тежина, вклучително на тоа ако ја додадеме и тежината на самиот мост ние како држава не смееме да ризикуваме и како централна и како локална власт. Во секој случај апелирам до граѓаните да ја почитуваат оваа забрана бидејќи мостот можеби нема сериозна штета, но постои другата можност која што е најнепосакувана и до која што искрено се надевам дека нема да дојде.- рече Ангелов.