Ангеловски: Изгубена година за суштински реформи во економијата

Додека Северна Македонија добие влада со полн политички мандат која ќе може да носи какви било одлуки, може да поминат и две третини од годината, што на некој начин може да се каже дека е изгубена, вели во интервју за РСЕ претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски.

– Македонската економија во овој момент е најслаба од останатите две кои се интегрираат во овој процес. Српската економија има огромни инвестиции во инфраструктура и останати проекти. Економското ниво им е повисоко и на нив им требаат квалитетни кадри и луѓе кои они би можеле да ги привлечат. Албанската економија исто така има многу позитивни резултати на полето на туризмот и големи инвестиции во инфраструктурата. За жал, во овој момент кај нас не можеме да се пофалиме со добри економски резултати и сметам дека ќе има одлевање на дополнително на одреден број на работници од нашата земја во соседните земји – вели Ангеловски.