АНБ утре ќе добие нов директор

Во најава е нов директор на Агенцијата за национална безбедност.Владата утре на седницата ќе го именува новиот директор.

-Утре ќе има нов директор на АНБ, изјави премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конфереција одговарајќи на новинарско прашање без да соопшти други детали.

Досегашниот директор на АНБ Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз.