Аналитичарите во Приштина: Пораката на О’Брајан е тешка и остра, никогаш поостра

Аналитичарите во Приштина ја оценуваат вчерашната изјава на американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан како „тешка и остра“ дека Приштина го доведе во прашање партнерството со САД со забраната на динарите и дека треба да ја повлече таа одлука.

Аналитичарот Иљир Деда смета дека „не е лесно“ Вашингтон да и пренесе ваква порака на Приштина, бидејќи „најмногу се трудел“ да добие Косово својата самопрогласена независност, пренесува „Зери“.

Деда оценува дека тоа е сериозна порака, додавајќи дека во дипломатијата, кога ќе се појават вакви пораки, тоа е последната фаза од конфликтот.

Пратеникот на Демократската алијанса на Косово, Авдула Хоти оцени дека изјавата на американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан предизвикува голема загриженост, што укажува дека носителите на косовските институции имаат обврска да одржуваат егзистенцијални односи со САД.

„Изјавите на американскиот помошник државен секретар треба да се земат со голема загриженост. Односите на Косово со САД се егзистенцијални. Кој не го разбира ова, не заслужува да биде на чело на институциите“, порача Хоти на Фејсбук.