АНАЛИЗА: Даночна реформа – што ќе значи таа за „џебот“ на граѓаните?

Ако ја прашате Власта – даноците нема да се зголемуваат туку ќе се прошири даночната основа, ако ги прашате економистите и фирмите – најавената даночна реформа ќе донесе нов “товар“ на грбот на приватниот сектор. “Порталб“ преку ставови на економисти, бизнисмени, даночни експерти, невладини организации ќе анализира каков ефект ќе има најавениот нов даночен модел – кој ќе добие а кој ќе изгуби со реформите, веќе извесни дека стартуваат етапно, но првиот чекор ќе се направи на 1 ви јануари 2023 година.

Еден од предлозите како дел од даночната реформа е воведување на данок за каматите на штедните влогови орочени над една година. Ваквото решение според експертите е “меч со две острици“ во период кога каматите за штедење се минимални, па дури и беа негативини, што беше една од причините за забавување на штедењето. Сега кога се прават обиди за стимулирање на штедењето, особено во услови на инфлација, се најавува мерка која повторно може да ги дестимулира граѓаните и фирмите парите да ги чуваат во банките. Еве кои се ставовите на експертите во однос на овој најавен нов данок:

Во нацрт-коцептот за даночна реформа се предвидува и стеснување на листата на производи и услуги со повластена даночна стапка од 5% – ова по автоматизам значи зголемување на ДДВ кај таа група на производи , директен данок кој го плаќаат граѓаните и фирмите. Сега на “повластената“ листа се наоѓаат поголем број на суровини за земјоделско производство но и производи како што се одреден вид на машини, компјутери, медицинска опрема како и превоз на патници.

Едно од предложение решенија се даночни измени во областите од акцизата и зелено оданочување – кои секако ќе бидат на товар на граѓаните и на фирмите. Според власта – со овој дел од даночната реформа е таргетирана заштитата на човековата околина. Зеленото оданочување спред најавите ќе се однесува на стимулирање на даночните обврзници да го намалат загадувањето на животната средина. Според Стратегијата за реформи на даноци ова значи зголемување на кофициентот за оданочување по CO 2 – односно раст на данокот.

Уште едно предлог решение се кое ќе бидат засегнати граѓаните – оданочување на капитални добивки.

“Почетокот на примената на оданочувањето на капиталните добивки од хартии од вредност и удели во инвестициски фондови мора да биде поврзано со софтверско решение според кое данокот ќе се пресметува, задржува и плаќа од страна на брокерските куќи и друштвата за управување со инвестициски фондови, кои впрочем ги имат двете потребни информации за формирање на даночната основа на која се применува даночната стапка: набавната цена и цената на продажбата на ХВ, односно уделот“ – вели даночниот експерт Гацов.