Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим се осврна на заминувањето на Маркус Рашфорд од клубот.
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим се осврна на заминувањето на Маркус Рашфорд од клубот.
– Не можев да го натерам Маркус да игра фудбал и да тренира како што јас барав. Понекогаш се случува играчот да биде добар со еден тренер, но да игра поинаку со друг. Само им посакувам се најдобро на Рашфорд и Унаи Емери за да најдат заеднички јазик бидејќи Маркус е многу добар играч.
Работата е во тоа што некои момци не се адаптираат на начинот на кој јас го гледам фудбалот. Другите се адаптираат и ние се обидуваме да изградиме тим од нив. Ова е она што го чувствувате како тренер и играч. Тоа е сосема нормално, им се случило на многу тренери. Потенцирам дека тоа беше моја одлука, изјави Аморим за „ESPN“.
На 3 февруари Астон вила ја објави позајмицата на 27-годишниот Англичанец.
Рашфорд играше за Манчестер јунајтед од 2015 година.